Вести

Објавено на април 13th, 2016 | од admin

0

Покана за глобален бизнис форум во Скопје

Тимот на ЦЕФЕ Македонија ве поканува на „Глобален бизнис форум“ во Скопје кој ќе се одржи на 20.04.2016 год. со почеток од 16 часот и ќе трае до 20 часот, во Бизнис центар Хипериум во Скопје.

На настанот говорници ќе бидат, нашиот добро познат економски и финансиски аналитичар г-дин Сем Вакнин, како и наши гости претставници од ЦЕФЕ Јамајка, ЦЕФЕ Филипини, ЦЕФЕ Чиле и ЦЕФЕ Интернешнал – Германија.

Што ќе добиете:

– Економски можности за соработка меѓу организациите од државите гости и учесниците на форумот;

– Г-дин Сем Вакнин ќе ни претстави алтернативни начини на финансирање за реализирање на нашите идеи за соработка или јакнење на бизнисот;

– Бизнис вмрежување и аперитив

Настанот е наменет за: претприемачи, менаџери, иноватори, студенти, професори, претставници на граѓански заедници, вработени во институции за поддршка на претприемништвото и економски развој.

Тема на разговор ќе бидат можности за соработка на глобално ниво, каде што нашите гости ќе зборуваат за начинот на работа и предизвиците со невработените луѓе во нивните земји, како и нивните перспективи за соработка. Додека во вториот дел г-дин Сем Вакнин ќе ни претстави неколку алтернативни начини на финансирање за реализирање на нашите идеи.

Целиот настан воедно ќе биде олична можност за вмрежување и подобро запознавање со работата на глобалните ЦЕФЕ партнери.

Инвестицијата за ваква можност изнесува 500 денари.  Со пополнување на електронската пријава  и уплата на банкарската сметка на ЦЕФЕ Македонија вие си резервирате место за одлично искуство, збогатено со многу нови и корисни информации.

Важно: Целиот настанот ќе биде на англиски јазик.

*Информации за местото на настанот ќе истакнеме дополнително.

 

Тука може да ја погледнете агендата на настанот.

Банкарски податоци:

ЦЕФЕ Македонија

НЛБ Тутунска Банка АД Скопје

Жиро сметка број:  210 063 771 060 147

Адреса:

ЦЕФЕ Македонија

„Никола Парапунов“ 33/57, 1000 Скопје

Република Mакедонија

Цел на дознака: Глобален ЦЕФЕ бизнис форум

 

Лице за контакт и повеќе информации Елена Гагачева, elena.g@cefe.mk, 075/257-075


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑