Втор состанок во рамките на проектот „SE4Y –Социјално претприемништво за млади“ – Еразмус + KA205 – Стратешко партнерство за млади
На 17-ти ноември, 2020 година, се одржа втор состанок во рамките на проектот „SE4Y –Социјално претприемништво за млади“ – Еразмус + KA205 – Стратешко партнерство за млади. Средбата се одржа преку интернет преку платформата ЗООМ, а на состанокот беа присутни претставници од сите партнери на проектот.
На состанокот беа дискутирани следните теми:
- Интелектуален резултат 1 „Патоказ за социјален бизнис за создавање социјално претпријатие во 10 чекори“ – обезбедување на заеднички обрасци, специфични упатства за финализирање на IO1.
- Дистрибуција на активности и задачи и преглед на изработениот материјал
- Рокови за спроведување на секоја активност
- Дискусија и прашања (за активностите на проектот или други релевантни прашања)
- Следен виртуелен состанок за имплементација на IO1 и следни чекори
Сите партнери се согласија за следните активности, роковите и распределбата на задачите. Следниот состанок ќе се одржи на 15-ти декември 2020 година. Овој проект има за цел да ги оспособи младите со специфични компетенции и вештини за водење на сопствени социјални претпријатија.