Вести

Објавено на декември 20th, 2016 | од admin

0

Во Битола ќе се отвора Технолошки Парк

На 14ти декември во Tехничкиот факултет во Битола, официјално се соопшти информацијата за основање на Технолошки Парк.  Партнерите во овој проект Технички факултет од Битола, Технолошки парк од Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово и Цефе Македонија, ги потпишаа договорите за соработка.

Оваа иницијатива беше зачната на претходната конференција организирана од ЦЕФЕ Македонија, Дијалог помеѓу младите луѓе и креаторите на политики, каде претставници од трите организации изјавија интерес и желба за започнување на еден ваков проект во Битола.

На оваа средба и претходеше работна посета во Технолошкиот парк во Тетово од страна на претставници на ЦЕФЕ Македонија и технички Факултет од Битола, каде начелно беа дефинирани формите на делување на оваа организација.

Што е Технолошки Парк?

Технолошки Паркови се места дизајнирани и организирани за поддршка на иновации. Тие се наоѓаат во склоп на Универзитетите и се познати исто како Истражувачки Паркови или Научни Паркови. Овие институции се наменети за поддржка на универзитетските (студентските) иновации, но и за надворешни идеи насоени кон креирање на високо развиено технолошко општество.

Што ќе понуди Технолошкиот Парк за младите во Битола и околината?

Иако сеуште не се дефинирани конкретните активности, јасна е насоката на делување на оваа организација. Младите од Техничкиот факултет, но и од регионот, во овој Технолошки парк ќе можат пред се да се стекнат со вештини и знаења за основање на стартапи, развој на идеи и иновации и претприемништво. Тие ќе имаат можност за пракса, вмрежување што ќе им помогне за идни вработувања или основање на сопствени бизниси.

Оваа соработка, занчи чекор напред кон современо високо образование.

Share on Facebook0Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑