Вести

Објавено на септември 29th, 2019 | од admin

0

Во Баку/Азербејџан се одржа обуката „Развој на заедницата предводена од млади“.

Од 09 до 17 семтемри во Баку/Азербејџан се одржа обуката „Развој на заедницата предводена од млади“.

Gələcəyə Körpü|Bridge to the Future организираше седумдневна обука како дел од „Младинскиот ресурсен центар за вработување, Центар за Бизнис едукација и Центар за Општествен развој (YRC)“, Проект за градење на способностите на младите.

YRC се фокусира на развојот на способностите на младите кои што ќе ги извршуваат активностите на локално ниво во нивните заедници за вработеност, едукација за претприемништво и општествен развој.

Обуката е со цел да ги зајакне учесниците и да им обезбеди знаење и способност да превземат активна улога во развојот на општеството и подобро да ги искористат постоечките можности за учење и за зголемување на нивната вработеност. Обуката вклучуваше интернационална размена на практики, обука преку методи за неформално образование и поддршка за учесниците да развијат нови иницијативи што ќе се имплементираат на локално ниво.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑