Водич за основање на социјален бизнис
После многу онлајн состаноци меѓу експерти, истражување меѓу социјалните претприемачи и истражување на добри пракси од светот на социјалното претприемништво, ви го претставуваме Водичот за основање на Социјален Бизнис.
Водичот за основање на Социјален Бизнис содржи патокази од каде да се започне кога се има желба да се влезе во социјалното претприемништво, што да се истражи, што е потребно за основање, како да се најдат финансии, каква поддршка да се побара и какви легални аспекти треба да се имаат на ум.
Водичот е произведен во рамките на проектот „Социјално претприемништво за млади“ и е финансиран од Еразмус+ програмата на Европската Комисија. Проектот е партнерство меѓу ЦЕФЕ Македонија и организации и компании од Исланд, Кипар, Грција, Италија и Литванија. Тимот моментално подготвува тренинг материјали и програми за поддршка на младите кои сакаат да влезат во водите на социјалното претприемништво.
Водичот можете да го најдете на англиски и на македонски јазик на следните линкови:
Линк до македонската веризја : https://issuu.com/cefemacedonia/docs/se4you-io1-roadmap-mkd-final-ab
Линк до англиската верзија:https://issuu.com/cefemacedonia/docs/se4you-io1-roadmap-final_19.02.2020