Вести

Објавено на декември 16th, 2016 | од admin

0

Консултантите на ЦЕФЕ Македонија во проектот “Вклучување на жени од етничките заедници на пазарот на трудот”

Во понеделник, 05.12.2016 обучувачи на ЦЕФЕ Македонија започнаа со реализација на обуките за кариерно советување во рамки на проектот “Вклучување на жени од етничките заедници на пазарот на трудот”.

Проектот го спроведуваат CARE Deutschland/Luxembourg e.V. и Женска граѓанска иницијатива АНТИКО, а е финансиран од Европската унија.

Со проектот ќе се обучуваат 250 жени од малцинства со вештини за барање работа, подготовка на одлична биографија, настап на интервју и изработка на кариерен план, во периодот ноември-декември 2016 во 10 различни градови во Македонија.

Во наредниот период следуваат обуките во Штип, Скопје, Куманово и Битола.

За повеќе информации и контакт посетете ја веб страницата на АНТИКО.

Share on Facebook0Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑