Вести

Објавено на март 3rd, 2016 | од admin

0

„Битола сака претприемачи“ но и битолчани сакаат да бидат претприемачи

Иницијативата „Битола сака претприемачи“ успешно започна со првата реализирана обука за бизнис вештини. Обуката се одржа од 24 до 27 февруари годинава во просториите на МКЦ Битола. Присуствуваа над 20 учеснициод повеќе градови од најразлични професии, лица кои имаат бизнис и идни претприемачи.

Обуката се реализира по ЦЕФЕ методата која ја спроведоа обучени тренери од ЦЕФЕ Македонија. Карактеристично за оваа метода е што е искуствена метода, односно поуките излегуваат после искуствените активности на учесниците. Истата постојано се докажува како многу успешена низ многу земји во светот за креирање на идни генерации на претприемачи и раст на веќе постоечките.

Во текот на четири дена се разрабтуваа теми во согласност на еден бизнис план, со цел учесниците да можат стекнатите вештини да ги применат при реализација на нивната бизнис идеја. Модули кои се обработуваа опфаќаа теми од личност на претприемачот, формирање цели, генерирање и евалуација на идеи, маркетинг и пазар, опкружување, праг на рентабилност и трошоци и реалност.

Целта на оваа обука, а воедно и на целата иницијатива е да се поттикне проактивноста, пред се кај младите луѓе кога е во прашање нивното вработување, односно да се охрабрат и обучат младите како посигурно да пристапат кон самовработување со реализација на своите идеи. Додека за постоечките претприемачи ова претставува ретка шанса да ги усовршат своите вештини за поуспешно водење на нивните бизниси.

Еве некои изјави на учесниците

  • Обjавувањето обука од ваков вид е секако позитивно за сите кои би сакале да стекнат барем минимум познавања на основите или ориентираност низ светот на претприемништвото. Позитивната атмосфера и ентузијастичкиот дух на учесниците само го подобруваат методот на работа и во голема мера придонесуваат кон крајниот резултат. Организирањето вакви обуки во поголем обем и фреквентност би било идеално за сите кои се пронаоѓаат или сметаат дека ќе се пронајдат во овие води. – Бојан Груевски

 

  • Одлично конципиран метод за воведување во претприемачката сфера. Метафората  беше на ниво на задачата и одлично ја обави својата улога за преку наједноставна логичка поврзаност да ја долови главната цел на клучните сегменти од претпремништвото. – Радица Стевановиќ

 

  • Од лично гледиште, обуката на иницијативата “Битола сака Претприемачи”, беше едно од најдобрите искуства, проследено со одлична комуникација помеѓу учесниците, со стекнување на крајно полезни, истовремено фундаментални вештини за структурирање и одржување на успешен бизнис, како и со неизмерна професионалност на самите фасилитатори од ЦЕФЕ Македонија на кои искрено им сум благодарен за нивната безрезервна посветеност за зајакнување на претприемачката култура на ова поднебје.  Бојан Дранговски

Иницијативата „Битола сака претприемачи“ продолжува во текот на целата година, со организирање на бројни активности кои го поддржуваат развојот на претприемаштвото пред се на територија на општина Битола, но и пошироко во целата држава.

DSC_0340ed
« 1 на 27 »


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑