Uncategorized

Објавено на декември 27th, 2017 | од admin

0

Бараме Македонски компании што мотивираат

Во рамки на проектот Претприемачко Учење за Млади од Еразмус +, ЦЕФЕ Македонија бара заинтересирани компании што сакаат да ја споделат својата успешна претприемачка приказна со младите од Македонија и Европа.

Темите за коишто сакаме да ги слушнеме вашите успешни приказни се:

-Пример на социјален бизнис од Македонија, којшто би можел да биде реплициран во било која држава во Европа;

-Пример на успешна бизнис приказна која што би можела да биде реплицирана на Балканот и во Европа;

-Пример на иновативен пристап во водењето и менаџирањето на финансиите и човечките ресурси;

-Иновативни пристапи во стратегии за организациски менаџмент и деловна комуникација;

-Иновативни пристапи во маркетинг микс концептот(креирање на нови производи, услуги, логистика, продажба, односи со клиенти, дистрибуција и стратегија за цени)

 

Силно препорачуваме содржината на погоре наведените теми да биде од примери и искуства од реалното деловно работење, интервјуа или сведоштва.

Доколку сте заинтересирани, ве молиме пополнете ја следнава апликација најдоцна до 15.01.2017

За сите информации слободно контактирајте не на info@cefe.mk или на 078/201-854

Share on Facebook0Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn0Share on Google+0Email this to someone


За авторот



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to Top ↑